Фото: Инстаграм/Роберт Дауни Помладиот

ВИДЕО | Роберт Дауни Помладиот се враќа во светот на „Марвел“: Актерот повторно ќе глуми во „Одмаздници“

Американскиот актер Роберт Дауни Помладиот (59) ѝ се враќа на филмската франшиза која му донесе светска слава, базирана на американските стрипови на „Марвел комикс“.

Дауни ќе ја игра улогата на негативецот Виктор фон Доум, познат како Доктор Доум, кој ќе се појави во новиот филм од филмскиот серијал „Одмазници“ („Avengers“),наречен „Одмаздници: судниот ден“ („Avengers: The Doomsday“).

Најновото продолжение е во режија на браќата Џо и Ентони Русо, за кои овој филм го означува и нивното враќање во кинематографскиот универзум на „Марвел“. Браќата Русо ќе работат и на „Одмаздници: тајните војни“ („Avengers: Secret Wars).

„Одмаздници: судниот ден“ ќе ја доживее својата премиера во мај 2026 година, а „Одмаздници: тајните војни“ во мај 2027 година.

„Нова маска, иста задача. Што ви кажав? Обожавам да играм сложени ликови”, изјави Дауни на сцената на популарната конвенција „Сан Диего комик кон“, откако браќата Русо го најавија неговото враќање.

Веста за враќањето на Дауни ги воодушеви и шокираше фановите кои мислеа дека тој ќе се врати во улогата на Ајронмен. Дауни го глумеше популарниот суперхерој во десет филмови на „Марвел“, а последниот филм во кој се појави беше „Одмаздници: крај на игрите“ („Avengers: Endgame“), во кој Ајронмен се жртвува за да го спаси светот од негативецот Танос.

По Кејт Мидлтон и Џони Деп се зафркна: Со фотошопирана фотографија му го честиташе Оскарот на Роберт Дауни помладиот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот