
ВИДЕО | Ристевски: Дербито помеѓу Пелистер и Вардар е најголемото во македонскиот фудбал
Во рамките од 25. коло во ПМФЛ утре од 15:00 часот ќе се игра дербито помеѓу Пелистер и Вардар.
Препорачано
Пред натпреварот своите очекувања за натпреварот ги искажа дефанзиввецот Александар Ристевски.
Ристевски вели дека тие го респектираат Вардар, но сепак веруваат дека бодовите ќе останат во Битола.
„Се игра најголемото дерби во македонскиот фудбал. Горд сум што го носам дресот на Пелистер, ќе се бориме со сите сили за да ги освоиме бодовите. Мотивацијата во тимот е на највисоко ниво. Имаме многу респект за Вардар како колектив. Сепак, ние сакаме да одиграме за себе, за клубот и градот кој секогаш ни дава огромна поддршка. Се надевам дека епилогот ќе биде позитивен за нас“, изјави Ристевски.
Ќе потсетиме, Пелистер претходно информираше дека сите средства собрани од билетите за овој натпревар ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.
На дербито пак нема да присуствуваат навивачите на Вардар кој поради настанот во Кочани сметаа дека не е во ред да гостуваат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
42мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5