Фото: Принтскрин/ Јутјуб/Bakina kuhinja

ВИДЕО | Рецепт за викенд десерт: Штангли со карамела и кикиритки

Продолжениот викенд е пред нас, а доколку сакате да се засладите со кафето или чајот, можете да направите штангли од карамела. Боженствен вкус и фантастична арома. Со овие состојки и обичниот колач станува вистинско ремек-дело на кулинарската уметност.

Состојки:

– 170 грама шеќер

– 100 милилитри вода

– 200 милилитри слатка павлака

– 200 грама кикиритки

– 100 грама сечкани ореви

– 80 грама путер

– 1 ванилин шеќер

– 100 грама чоколадо

Подготовка:

Во тенџере ставете го шеќерот, додадете ја водата, ванилиниот шеќер, оставете да се карамелизира. Додадете ја слатката павлака и брзо измешајте. Додадете го путерот, а на крај кикиритките и сечканите ореви.

Оставете да се згусне, па смесата сипете ја во тесен плех и обложете со проѕирна фолија.

Оставете да се излади, па прелијте со растопено чоколадо. Оставете добро да се излади во фрижидер, по можност преку ноќ.


 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот