
ВИДЕО | Рецепт за колач со јаболка и лимон: Готов е за 5 минути, а вкусот воодушевува
Ви го носиме најдобриот рецепт за колач со јаболка и лимон. Летно слатко освежување за целото семејство.
Препорачано
Состојки:
– 3 јајца
– 7 лажици шеќер
– 100 мл масло
– 100 мл млеко
– 7 лажици брашно
– 10 г прашок за печиво
– кора од еден лимон
– сок од половина лимон
– 2 јаболка
За посипување:
– 3 лажици брашно
– 2 лажици шеќер
– 50 г путер
– по желба 2 лажици мелени бадеми или ореви

Подготовка:
Со миксер изматете ги јајцата со шеќерот. Потоа додајте масло и млеко, па повторно сè изматете. Просејте го брашното и прашокот за печиво, па измешајте. Одделно изрендајте ја кората од лимон и исцедете го сокот од половина лимон.
Во еден сад исечкајте ги излупените јаболка. Додадете ја кората од лимон во јаболката и измешајте. Сокот од лимон сипете го во претходно подготвената смеса и сè соединете.
Поставете хартија за печење во плех со димензии 30 x 20 см и сипете ја целата смеса и израмнете ја. Со лажица насекаде на смесата нанесете малку јаболка и лимони.
Израмнете со лажица, за коцките јаболка убаво да се вклопат во смесата за колачот, за смесата да ги покрие кога ќе се пече.
Потоа, направете го посипот. Измешајте го брашното и шеќерот, изрендајте го путерот и протријте сè со прстите за да добиете мали грутки. Потоа додадете бадеми или ореви, ако сакате. Посип има за два колачи. Посипете одозгора и печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 минути (помеѓу 25 и 30 минути).