Руски напад врз Криви Рих / Фото: EPA-EFE/STATE

ВИДЕО: Нов ракетен напад врз родниот град на Зеленски, 14 луѓе загинаа

Русија изврши балистички ракетен напад врз Криви Рих во областа Днепропетровск, при што загинаа најмалку 14 лица, а беа повредени над 50, изјави гувернерот Серхи Лисак, објави Киев Индипентет.

Според Олександр Вилкул, шеф на градската воена управа, бил погодил станбен кварт, запалувајќи згради и предизвикувајќи голема штета.

Меѓу повредените, повеќе од 30 лица остануваат хоспитализирани. Меѓу загинатите има и шест деца, рече Лисак. Во близина на местото на нападот се наоѓало игралиште.

„Руските напаѓаат секој ден. Секој ден се убиваат луѓе. Има само една причина зошто ова продолжува: Русија не сака прекин на огнот, а ние тоа го гледаме. Целиот свет го гледа тоа“, коментираше претседателот Володимир Зеленски за нападот.

Криви Рих, родниот град на Зеленски, останува честа цел на руски ракетни напади. Градот, со население од околу 660.000, е втор по големина во областа Днепропетровск и се наоѓа на околу 70 километри (40 милји) од линијата на фронтот.

Русија ги продолжи нападите со ракетни и беспилотни летала низ Украина и покрај напорите на САД да преговараат за прекин на огнот. Киев тврди дека нападите на Москва врз цивилни области покажуваат дека таа не е сериозна за мирот.

Кремљ го отфрли 30-дневниот договор за прекин на огнот што го постигнаа САД и Украина во Џеда на 11 март, согласувајќи се само на ограничено примирје за нападите врз енергетската инфраструктура и во Црното Море.

Украина веќе ја обвини Русија за прекршување на енергетскиот прекин на огнот, додека иднината на примирјето во Црното Море останува неизвесна бидејќи Москва го поврзува неговото спроведување со укинување на западните санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот