Тајланд електрана / Фото EPA/BAGUS INDAHONO

ВИДЕО | Радиоактивн материјал украден од електрана во Тајланд

Властите во Тајланд се во потрага на метален цилиндар со опасна радиоактивна содржина што исчезнал од електрана неделава. Надлежните ја предупредија јавноста на сериозни здравствени опасности што можат да настанат во случај на контакт со тој материјал, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Цилиндарот долг 30 сантиметри и широк 13 сантиметри бил пријавен за исчезнат за време на рутински проверки на 10 март во електрана за јаглен во Прачин Бури – област во средиштен Тајланд. Во предметот има цезиум-137, високо радиоактивна и потенцијално смртоносна супстанција.

Заменик-генералниот секретар Пенап Канчан изјави за Си-ен-ен дека надлежните лица користат посебна опрема за детектирање радиоактивност заради пронаоѓање на цилиндарот.

– Ги претресуваме работилниците за рециклирање отпад во областа. Користиме и посебна опрема за откривање сигнали. Испративме и роботи и дронови во областите каде што немаме пристап, рече таа.

Монкол Топао, началник на полицијата, додаде дека има и видеоснимка, која сепак, не го покажува најдобро она што се случило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот