Путин и Вучиќ на 9 мај 2025 година во Москва / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO/AP POOL

ВИДЕО | Путин се сретна со Вучиќ и го пофали: Го ценам тоа што сте во Москва и покрај притисоците

Српскиот претседател Александар Вучиќ доцна попладнето се сретна со Владимир Путин, а на почетокот, рускиот претседател рече дека „високо го цени“ доаѓањето на Вучиќ и српската делегација во Москва, „и покрај притисоците“.

„Почитуван господине претседателе, драг пријателе, дозволете ми срдечно да ве поздравам во Москва. Искрено цениме што сте со нас на овој значаен ден и што лично учествувате во празничните настани“, му рече Путин на Вучиќ.

Тие накратко се сретнаа вчера во Кремљ на приемот на светските претставници кои отпатуваа во Москва за да присуствуваат на прославата на Денот на победата.

Вучиќ претходно денеска присуствуваше на традиционалната воена парада на Црвениот плоштад, организирана по повод Денот на победата во Втората светска војна, а на која присуствуваа повеќе од 11.500 војници на руското Министерство за одбрана и други безбедносни структури, како и возила од други земји, учесници во војната.

Патувањето на Вучиќ на Москва, кое не беше без проблеми, доаѓа откако тој минатата недела итно ја прекина посетата на Соединетите Американски Држави, од каде се врати поради здравствени проблеми и беше примен во болница, а на активностите им се врати по неколку дена. Европската унија претходно го повика српскиот претседател да не оди во Москва поради руската агресија врз Украина, а од Брисел најавија дека потегот ќе има последици врз европските аспирации на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот