Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

ВИДЕО | Путин: Само ќе ја денацифизираме и демилитаризираме Украина, нема да ја освојуваме цела

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија „не планира да ги окупира украинските територии“ откако објави дека е почната специјална операција за одбрана на самопроласените народните републики Доњецк и Луганск од „украинската агресија“. Путин рече дека „само“ сака да го „денацифизира“ и „демилитаризира“ својот сосед.

Крајната цел на операцијата е „да се заштитат луѓето што 8 години беа подложени на геноцид од режимот во Киев“, рече Путин во обраќањето утрово и додаде дека Москва „ќе почне со демилитаризација и денацификација на Украина и ќе ги предаде пред лицето на правдата оние што извршија многубројни злосторства врз цивилите“.

Рускиот претседател рече дека Москва нема далекусежни планови за преземање на целата територија на Украина.

Тој ги обвини САД и нивните сојузници дека го игнорирале барањето на Русија да ја спречат Украина да влезе во НАТО и да ѝ понудат на Москва безбедносни гаранции.

Целата руска влада на чело со Путин изминативе недели постојано тврдеше дека Русија нема намера да ја нападне Украина и дека тоа е фикција измислена од Западот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот