Фото: Screenshot

ВИДЕО: Публиката му правеше проблеми, Ѓоковиќ имаше одговор

Новак Ѓоковиќ избори пласман во своето рекордно 53. полуфинале на грен-слем турнирите, откако во четвртфиналето на САД Опен го совлада домашниот миленик и четврти носител, Тејлор Фриц. Србинот славеше со 3:1 во сетови, 6:3, 7:5, 3:6, 6:4 во меч кој не мина без драма, емоции и реакција кон публиката.

Иако го контролираше резултатот во најголемиот дел од меч, Ѓоковиќ во неколку наврати изрази незадоволство од однесувањето на гледачите. Во третиот сет, дури му се пожали на главниот судија барајќи реакција за бучавата за време на неговите сервиси. Дел од одговорот кон публиката беше и ироничното праќање бакнежи во текот на вториот сет, што дополнително ја подгреа атмосферата на трибините.

На крајот, Ѓоковиќ го заврши мечот со танц на теренот, испраќајќи порака дека е подготвен за нова голема борба, сега против вториот носител, Карлос Алкараз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!