Фото: EPA/ERIK S. LESSER

ВИДЕО: ПСЖ со два фудбалери помалку до полуфинале!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го добија големото европско дерби против Баерн Минхен со 2-0 и обезбедија пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Во првото полувреме не видовме голови, но донесе драматичен момент кога во финишот, Џамал Мусиала доживеа тешка повреда по судир со голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума. Според првичните информации, станува збор за скршеница на ногата, поради која германскиот репрезентативец ќе отсуствува подолго време од терените.

Во продолжението ПСЖ ја презеде иницијативата и дојде до водство во 78. минута, кога младиот Дуе ја искористи асистенцијата од Жоао Невеш и донесе предност за „светците“.

Само пет минути подоцна, тимот од Париз остана со играч помалку по црвениот картон на Пачо, а длабоко во судиското надополнување и Лукас Ернандез беше испратен во соблекувалната. Сепак, тоа не ги спречи избраниците на Луис Енрике, преку Дембеле во самиот финиш ставија печат на победата со втор погодок.

ПСЖ во полуфиналето ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, додека втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат Флуминензе и Челси.

ВИДЕО | Вознемирувачка сцена во САД: Мусиала по дуел со Донарума заработи страшна повреда!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот