Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

ВИДЕО | Прво заедничко интервју на Ештон Кучер и неговиот брат близнак кој има церебрална парализа

Четириесет и четири годишниот Мајкл Качер кој по професија е јавен говорник, а воедно е и брат близнак на актерот Ештон Кучер, страда од церебрална парализа. Тој се обидувал да го сокрие тоа до 2003 година, но неговиот брат ја откри тајната во јавноста. Мајкл бил многу лут, но сега вели дека тоа е една од најдобрите работи што му се случиле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Colombia.com (@wwwcolombiacom)

Нивната мајка забележала проблеми во развојот на Мајкл кога имал 3 години, а потоа лекарите му дијагностицирале церебрална парализа. Како што вели, поради неговата попреченост, имал проблеми во создавање пријателства, но дека Ештон секогаш го бранел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Legends Inc. (@legends.inc)


Познатиот холивудски актер и неговиот брат пред неколку дена го дадоа првото заедничко интервју за Парамаунт Плус во емисијата „The Checkup with Dr. David Agus“.

Ештон бил исклучително емотивен додека во новото интервју разговарал за здравстевните борби на братот близнак Мајкл, како и за сопствените здравствени проблеми со васкулитисот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Kutcher (@mkutch)


Мајкл Кучер од раѓање пати од церебрална парализа, а му била извршена и трансплантација на срцето. Ештон со солзи во очите ги опиша моментите кога неговиот брат бил во болница.

„Тогаш дојде мојот татко, ме собра и ми рече: Одиме да го видиме твојот брат. Знаев дека нешто не беше во ред“, се потсети Кучер додека му доаѓаат солзите.

Ештон во оваа прилика проговори и за болеста со која се соочува. Тој во емисијата на Национална географија “Running Wild with Bear Grills: The Challenge” порано оваа година, откри дека имал редок облик на васкулитис, потенцијално смртоносна автоимуна болест која предизвикува воспалување и стеснување на крвните садови. Тогаш тој имал големи проблеми со видот, слухот и рамнотежата.

Кучер рече дека успеал во потполност да се излечи од болеста, но му требало подолго време и напорна работа.

„Не го цените тоа додека не исчезне. Додека не кажете: Не знам дали некогаш ќе можам повторно да гледам, не знам дали некогаш ќе можам повторно да слушам, не знам дали некогаш ќе можам повторно да одам“, раскажа актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот