Фото: Јутјуб/Принтксрин

ВИДЕО | Прво интервју на Брижит Бардо по 11 години: „Ќе кажам сè, но под еден услов“

По 11 години, филмската дива, иконата на француското и светското кино, деведесет годишната Брижит Бардо, даде интервју, но за се тоа да се изреализира таа имала само еден услов – никој во тимот да не биде облечен во бело.

Иако нејзиното барање на многумина им изгледало чудно, причината била многу едноставна. Имено таа имала огромен број животни на својот имот во Сен Тропе, кучиња, мачки, овци, кози и магариња кои слободно шетале, па помислила дека ќе биде штета гостите да се извалкаат.

Како што нагласила, некогаш најсексапилната жена на светот, таа сè уште е во одлична форма и ужива во животот, иако се повлече во осаменост.

„Имам голема среќа! Утрата ги поминувам во мојот имот Ла Мадраг, а попладневните часови во Вила Ла Гариж“, истакна таа.

„Многумина се лути на мене“

Инаку, Сен Тропе е нејзиниот рај, таму ги поминала некои од најубавите години за време на нејзината љубовна врска со плејбојот Гинтер Сакс, со кого била во брак од 1966 до 1969 година.

Брижит Бардо се пензионираше од сцената во 1973 година, а ова прилика ја искористи да ја прокоментира одлуката:

„Немав што повеќе да кажам. Свесна сум дека тоа не им се допаѓаше на сите. Во мојот живот често ме фотографираа и снимаа. Сега сакам природа, мир. Има многу луѓе, кои се лути на мене поради тоа.“

Таа откри дека го прославила својот 90-ти роденден со рано легнување, а потоа со тага забележала дека ѝ недостигаат нејзините драги пријатели Ален Делон кој почина во август и Жан-Пол Белмон кој почина во септември 2021 година:

„На 90 години, повеќе немаш пријатели“, истакна таа и додаде дека не користи компјутер ниту мобилен телефон.

„Феминизмот не е моја работа“

Во интервјуто, таа зборуваше за феминизмот, меѓу другото, но изненади многумина кога ги бранеше Николас Бедос и Жерар Депардје кои беа мета на обвинувања за насилно однесување кон жените. Нејзините коментари предизвикаа бурни реакции.

„Феминизмот не е моја работа. Ги сакам мажите“, истакна таа, а оваа реченица го сумира ставот што го брани веќе неколку години.

На екранот, Брижит Бардо долго време отелотворуваше одредена форма на женска слобода, но во јавната дебата таа беше критична, дури и непријателски настроена, кон феминизмот и феминистичките организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот