Марко Ѓорѓиевски („Клуж“)/фото: facebook.com/cfr1907

ВИДЕО | Првиот гол на Марко Ѓорѓиевски во дресот на Клуж

Романскиот фудбалски клуб Клуж ги почна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2025/26.

Потсетување дека македонскиот фудбалер Марко Ѓорѓиевски неодамна стана нов играч на романскиот вицешампион.

Покрај редовните тренинзи, Клуж ја темпира формата и со одигрување на пријателски натпревари.

Во Австрија екипата на Клуж триумфираше во контролен меч против Слован Братислава од Словачка со 4:2.

Ѓорѓиевски го играше целото второ полувреме, а при резултат 3:2 нашиот интернационалец во судиското надополнување (90+1`) го постави конечниот епилог што е негов прв гол во дресот на Клуж.

Следниот тест според најавите Клуж ќе го има на 28 јуни против Чешке Будејовице од Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот