фото: instagram.com/rangersfc

ВИДЕО | Прв гол на Бојан Миовски во дресот на Ренџерс

Ова лето македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја напушти шпанската Жирона и се врати во Шкотска облекувајќи го дресот на еден од гигантите на таа земја, Ренџерс.

Денеска тимот на Расел Мартин игра во шкотскиот Лига куп каде во нокаут-фазата, поточно во четвртфиналето по првото полувреме во Глазгов води со 2:0 против Хибернијан.

По водечкиот погодок на Раскин во 42 минута, вториот беше дело на Миовски непосредно пред паузата (45+2`).

Ова е прв гол за нашиот напаѓач во дресот на Ренџерс и се надеваме дека ќе ги има што повеќе во оваа сезона.

Секако овој гол е и добра вест за селекторот Благоја Милевски пред новите предизвици во октомври и квалификациите за СП 2026.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот