Протест пред железничката станица во Рим/Фото: Matteo Nardone / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Протести за поддршка на Палестина во над 80 градови во Италија

Демонстрации се во тек во над 80 италијански градови на кои членовите на „автономните синдикати“ ја изразуваат својата солидарност со палестинскиот народ.

Во Рим, учесниците во повикот во овој момент го блокираа пристапот на патниците до главната железничка станица во градот „Рома Термини“.

Во Бари, членовите на автономните синдикати го завршија својот марш пред израелскиот конзулат, со слогани како „убијци“ и „срам“.

Во Болоња, студенти и ученици исто така учествуваат во работничкиот марш, со транспаренти на кои пишува „ќе блокираме сè, слободна Палестина“.

Илјадници луѓе протестираат и во градот Тренто во североисточна Италија „за да се стави крај на масакрот во Газа и да се заштитат учесниците во хуманитарната мисија „Глобал Сумуд Флотила“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот