
ВИДЕО | Протестен марш во Кочани: Нашите деца беа убиени од алчноста, правдата мора да излезе на виделина!
Со фотографии од загинатите деца во рацете и со транспаренти со пораки, родителите и семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани, денеска повторно одржа протестен марш под мотото „Задоцнета реакција“.
Препорачано
Маршот започна од Паркот на револуцијата, а потоа насобраните се движеа кон Трговскиот центар, зградите на Општината, Полицијата и завршија пред зградата на кочанското Основно јавно обвинителство.
На денешниот собир беше порачано: „Нашите деца беа убиени од алчноста – правдата мора да излезе на виделина“!
Протестот се предводеше со транспарентот „Пулс од 2012 до 2025, истрага од 2025 до 2038, судење од 2038 до ???“
Ова е трет протестен марш што се одржува во организација на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.
Претходниот беше одржан на 12 април, на кое семејствата искажаа незадоволство од задоцнетата реакција на надлежните институции.
Денеска, 19 април 2025 година, во Кочани, се одржа третиот протестен марш насловен како „Задоцнета реакција“, а oрганизатори беа семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“.
Маршот започна од Паркот на револуцијата, потоа се движеа кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и Основниот суд и обвинителство во Кочани.
На денешниот собир беше порачано: „Нашите деца беа убиени од алчноста – правдата мора да излезе на виделина“!Posted by Radio Kocani on Saturday, April 19, 2025