Упад во воената база на британското кралско воено воздухопловство/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Пропалестински активисти упаднале во воената база во Британија и вандализирале два авиони

Пропалестинските активисти во Велика Британија соопштија дека во понеделникот провалиле во база на Кралските воздухопловни сили (RAF) во централна Англија и вандализирале два воени авиони.

Групата за притисок „Палестинска акција“ соопшти дека нејзините активисти влегле во базата Брајз Нортон во Оксфордшир и избегале без да бидат откриени.

„Авиони секојдневно полетуваат од оваа база до базата на РАФ во Акротири на Кипар “, објави групата на Икс, објавувајќи и видео снимки. „Од Кипар, британските авиони собираат разузнавачки информации, полнат гориво за борбени авиони и транспортираат оружје за да извршат геноцид во Газа.“

Досега нема одговор од британското Министерство за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот