
ВИДЕО | Прогласен најдобриот ресторан во светот за 2024: „Дисфрутар“ од Барселона е на врвот
Во Лас Вегас, врз основа на гласовите на 1.080 рецензенти, готвачи, гастро-новинари, инфлуенсери и посетители на ресторани, беше одлучено кој е овогодинешниот победник на најдобриот ресторан во светот, пишува „Лос Анџелес тајмс“.
Препорачано
На 22-то издание на годишното рангирање има ресторани од 26 територии, пет континенти и осум возбудливи нови ресторани.
Церемонијата на прогласување на најдобрите ресторани во светот „50 најдобри ресторани во светот“ (The Worlds 50 Best Restaurants) во Лас Вегас, заврши со прогласување на победникот за 2024 година, а тоа е ресторанот „Дисфрутар“ од Барселона, со готвачите Ориол Кастро, Едуардо Ќатруч и Матеу Казанас на кормилото. Наградата на победниците им ја врачи Естефано Болоњезе во име на Сан Пелегрино.
Да потсетиме, минатата година овој ресторан заврши на второто место, како најдобар во Европа, а победата ја освои ресторанот „Централ“ од Лима.
Целосната листа, вклучувајќи ги и рестораните на проширената листа од бр. 51 до 100, можете да ја видите на веб-страницата на The Worlds 50 Best Restaurants.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
29мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5