проф. д-р Елизабета Шелева
проф. д-р Елизабета Шелева / Утрински брифинг

ВИДЕО | Проф. д-р Елизабета Шелева: Нашето пишување е нашиот отпор

Денеска и вчера се оддржува годишен состанок на Комитетот на жени писатели при меѓународниот ПЕН (поети, есеисти, новелисти). Слоганот на оваа годинашна конгеренција е на „Нашето пишување е нашиот отпор“.

-Војната во Украина најде посебно место на оваа Конференција, бидејќи по отворањето прва настапи турската писателка Ердоан, позната како притвореничка цели четири месеци од страна на режимот на Ердоган, поради несогласување со неговата политика. Таа е врвен писател, но и физичар која работеше во Институтот за нуклеарна физика во Швајцарија, изјави за Утрински брифинг проф. д-р Елизабета Шелева.

-Веднаш после неа настапи професорка и писателка од Украина, со една една луцидна, многу концизна, но притоа и потресно срочена порака од нејзиниот роден крај. Нејзиното име е Ирина Старовој, која што за цело време збореше за димензијата на катастрофата и војната што се случува таму, и дека први жртви на војната секојпат се жените и децата, но потоа акцентот го даде на културата, на правото на култура што треба да го имаат сите, додава таа.

-Се осврна критички дека рускиот културен наратив и во минатото се обидел да ги препокрие културните дострели на Украина и на крајот даде апел злото на некој начин да не биде само осудено, туку казнето. Вчера беа присутни и претставници од рускиот ПЕН центар и се искажаа против војната, против цензурата во медиумите за да не се открие што се случува со Украина, вели Шелева.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот