
ВИДЕО | Прашање на неделата со Славе Младеновски: За каков вид содржини најчесто сте биле заинтересирани да проследите во изминатите 12 месеци?
Во изминатата недела читателите и гледачите на „Слободен печат“, односно Слободна ТВ и корисниците на порталот Слободна ТВ го дадоа своето мислење преку заокружување на еден од понудените одговори на прашањето: „За каков вид содржини најчесто сте биле заинтересирани да проследите во изминатите 12 месеци?“
Препорачано

Врз основа на добиените одговори може да биде констатирано дека од вкупниот број (00000) овие испитаници 24.89% се изјасниле дека следат редовно вести во изминатите 12 месеци. Овој процент на определени испитаници за наведената содржина е најголем во споредба со определбата на испитаниците за другите содржини и се движи од двојно до пет пати во полза на вестите. Со релативно висок процент на определени читатели и гледачи има за спортските информации каде што околу 17% се изјасниле. Во третата група на определени се неколку содржини и тоа информации од уметност и култура политички домашни теми и меѓународна политика каде што определувањето се движи од 11,59% до 10%. Во четвртата група се содржини за кои читателите и гледачите на Слободен печат, односно Слободна ТВ и корисниците на порталот на Слободна ТВ биле помалку заинтересирани да ги следат во изминатите 12 месеци и тоа од 4.0% до 8.44% . Овие содржини се: серии и филмови, хумористични содржини, забавни емисии и економски прашања.
Од добиените податоци може да биде констатирано дека содржината вести го привлекла најмногу вниманието и заинтересираноста на оваа категорија испитаници. Испитаниците го искажуваат своето мислење на веб страницата на Слободен печат, односно на Слободна ТВ, каде што тие се определени да прочитаат различни содржини од една страна и логично е да се подразбере дека содржината вести за овие испитаници меѓу другите медиуми е битна и ја наоѓаат и на страниците на Слободен печат, од друга страна. Желбата да се биде информиран преку вести е потреба која секој граѓанин се обидува да ја добие кај повеќе медиуми, електронски или печатени, односно портали и социјални мрежи.
Евидентно е дека спортот како област во Македонија има приврзаници, односно читатели и гледачи кои сакаат да уживаат во гледање фудбал кошарка, ракомет или друг спорт, од една страна и истовремено спортските активности се дел од работата на обложувалниците каде што многубројни граѓани вршат уплата, од друга страна. Љубовта спрема спортот и желбата да се оствари добивка претставуваат мотив и фактор да се гледаат спортските активности.
Кога станува збор за содржини, како што се политички теми или меѓународна политика, вообичаено е голем дел од јавноста или повеќе категории од населението да покажуваат ниско ниво на заинтересираност како редовно следење на овој вид содржини. За да бидеме конкретни за каков вид содржини се мисли тоа значи активности на политички партии, пратенички групи или информации поврзани се работата на некои државни институции. Граѓаните генерално овој вид информации ќе ги слушнат, но не им придаваат значење, односно она што е содржина на вестите ако им го привлече вниманието го оценуваат како доволно и не бараат дополнителни податоци, и факти. Истовремено, политиката како област го привлекува вниманието на најголем број граѓани во одредени конфликтни ситуации во општеството, потоа во периодот на избори или кога постои криза во Владата и парламентот. Ако овој вид настани бидат презентирани во форма на вести се претпоставува дека, граѓаните ќе бидат заинтересирани за дополнителни информации, односно секојдневните активности на политичките партии или политичките теми не привлекуваат големи внимание, иако се создава мислење дека тие се гледани содржини.
Кога станува збор за другите содржини од нашето прашање би го издвоил одговорот за серии и филмови каде што се изјасниле 8,44% од испитаниците. Имено, домашните телевизии голем број серии ги емитуваат во неколку термини и секојдневно се избор за одредени граѓани. Овие филмови или серии таканаречени сапуници доаѓаат од неколку држави, а се познати како шпански серии. Денес мислам дека нивниот број е помал во споредба со турските серии, но името шпански серии остана. Според, одговориле на ова прашање од испитаниците може да се констатира дека процентот на гледачи е релативно мал. Меѓутоа, истовремено емитувањето на овие серии се практикува со децении, од една страна и нивната гледаност кај одредени категории од населението е екстремно висока, од друга страна. Можам да констатирам дека читателите или гледачите на Слободна ТВ, односно „Слободен печат“ не се во голем број љубители на овој вид содржини. Одговорите што ги добивме од нив ги вклучува и испитаниците што гледаат друг вид филмови или серии.
Во оваа недела читателите и гледачите имаат можност да го кажат своето мислење на следново прашање:
Каков вид содржини во медиумите треба повеќе да бидат присутни од досега во наредните 12 месеци?
-
- вести
- спортски информации
- информации од уметност и култура
- политички домашни теми
- меѓународна политика
- серии и филмови
- хумористични содржини
- забавни емисии
- економски прашања
- друго
Претходно прашање на неделата.