
ВИДЕО | Позната дваесет и деветгодишна јутјуберка си го одзеде животот: Не можела повеќе да го издржи онлајн-насилството
Микајла Рејнс, основач на познатата организација за спасување животни „Save A Fox“ и популарна јутјуберка, си го одзеде животот. Тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг, Итан Рејнс, во емотивно видео објавено на 23 јуни 2025 година, на официјалниот Јутјуб канал на организацијата.
Препорачано
Микајла Рејнс беше позната по својата посветена работа во спасувањето лисици и други егзотични животни, но со години се бореше со сериозни ментални нарушувања, вклучувајќи депресија, аутизам и гранично растројство на личноста. Според нејзиниот сопруг и покрај терапијата и лековите, таа имала тешкотии да се справи со секојдневниот живот и да ги контролира своите емоции.
Во своето 11-минутно обраќање, Итан откри дека Микајла долго време била подложена на сериозно онлајн злоупотребување. Нападите, рече тој, доаѓале не само од странци онлајн, туку и од луѓе во нејзината приватна средина, па дури и од заедницата за спасување животни.
„Тие ширеа лажни гласини, а бидејќи Микајла беше многу чувствителна, сето тоа длабоко ја погоди. Со години се бореше да ја надмине болката, но овој пат не можеше повеќе да издржи“, рече Итан Рејнс.
Микејла ги остави зад себе својот сопруг Итан, нивната ќерка Фреја и бројни животни за кои се грижеше во центрите „Save A Fox“ во Минесота и Флорида. Итан Рејнс вети дека ќе ја продолжи нејзината мисија.
Обожавателите и љубителите на животни од целиот свет го изразија својот шок и тага преку интернет, оддавајќи почит на влијанието на Микајла врз заедницата за спасување животни.