Пожар зафати зграда во Берлин/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Пожар во висока зграда во Берлин, претходеле три силни експлозии

Голем пожар избувна во висока зграда во изградба во населбата Тиергартен во центарот на Берлин што предизвика паника кај граѓаните на германскиот главен град. Според извештаите во весникот „Билд“, читателите испратија фотографии на кои се гледа огромен столб од чад што се протега над градот.

Пожарот избувнал околу 8:30 часот наутро, додека се вршеле работи на покривот. Репортер од „Билд“ кој бил во близина опишал три силни експлозии, со силни ударни бранови што се почувствувале дури и во соседните згради. Експлозиите се случиле во рок од неколку минути една од друга.

Борбата со пламенот траеше повеќе од два часа. До 10:30 часот, пожарникарите успеаја да го изгаснат главниот фронт на пожарот на покривот, но надворешноста на зградата продолжува да се полева како мерка на претпазливост.

Противпожарната служба проценува дека пожарот започнал на покривот, каде што се наоѓал запалив материјал. Станува збор за новата зграда „Џон Јар Хаус“, најсовремен канцелариски и трговски комплекс, со буџет од 115 милиони евра.

Околу 100 пожарникари брзо се упатиле кон местото на настанот и се бореле да го стават пожарот под контрола. Засега нема извештаи за повредени. Според портпаролот на противпожарната служба, работниците успеале безбедно да заминат користејќи надворешен лифт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот