Алпинисти на Монт Еверест/Фото: INSTAR Images / Profimedia

ВИДЕО | Повеќе од 200 алпинисти остануваат заглавени на Еверест

Повеќе од 200 алпинисти се уште се заробени на источната страна од Еверест во Тибет, забележува Ројтерс.

Во саботата, обилни снежни врнежи ја погодија оддалечената долина Карма во Тибет, на просечна надморска височина од 4.200 метри. Во неделата, спасувачите одведоа околу 350 заглавени алпинисти на безбедно.

„За среќа, некои луѓе пред нас ја расчистуваа патеката, оставајќи траги што можевме да ги следиме – тоа малку го олесни“, рече 41-годишниот Ерик Вен, додавајќи дека се мачел 19 километри низ снегот.

Оттогаш нема официјално соопштение за состојбата на преостанатите алпинисти, иако кинеските државни медиуми објавија дека е остварен контакт со нив.

ФОТО | Снежна бура зароби 1000 луѓе на Монт Еверест

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот