
ВИДЕО | Поплави во Шпанија: Патиштата во Малага затворени, жителите евакуирани
Обилните дождови предизвикаа поплави во јужна Шпанија, поради што властите евакуираа повеќе од 350 домови, ги затворија патишта и ја откажаа наставата во вторник.
Препорачано
Поточно, властите наредија евакуација на 365 семејства од селото Кампанилас, во близина на Малага, во понеделникот доцна навечер, откако река во областа се излеа од коритото. Раселените ја поминаа ноќта во општински спортски центар, кој служеше како привремено засолниште.
Шефот на цивилната заштита на Андалузија, Антонио Сант, објави дека 19 реки во регионот во вторникот се во „црвена“ тревога поради поплави. Екстремните временски настани се проширија од внатрешноста на Малага, зафаќајќи ги областите во близина на Севиља и Кордоба. Севкупно, 40 автопати во Андалузија, како и некои железнички линии, беа ставени надвор од функција поради зголемувањето на нивото на водата.
La borrasca Laurence deja clases suspendidas, rescates en helicóptero, atrapados en vehículos y carreteras cortadas en Andalucía https://t.co/B0tvPndlZ4 pic.twitter.com/qp3IUO2MRh
— EL MUNDO (@elmundoes) March 18, 2025
Шпанија во последниве години се соочи со продолжена суша, но во последните две недели имаше континуирани врнежи, главно на југ. Научниците и владините претставници ги поврзуваат овие екстремни алтернации помеѓу сушата и обилните врнежи со климатските промени, кои исто така се одговорни за сè пожешките лета во земјата.