ВИДЕО | „Политиканти“ на „Слободен печат“, гостин Имер Селмани: Корупцијата нема адреса, а системот не функционира

Имер Селмани, кој е многу познат на македонската јавна и политичка сцена која трае веќе 25 години, е гостин во петочното интервју-издание на подкастот „Политиканти“. Селмани е поранешен градоначалник на Општина Сарај цели шест години, како и министер за здравство во првата влада на Никола Груевски, а потоа и потпретседател на Владата.

Во 2008 година ја напушта ДПА, а потоа беше и многу успешен претседателски кандидат кој привлече и голем број гласови од македонското гласачко тело. Инаку по професија е лекар, има завршено Медицински факултет.

Зошто лекарите во Македонија се „умрени“ да влезат во политика? – ги интересира Сашо Орданоски и Борјан Јовановски, оти освен Селмани, лекари се Бујар Османи, Арбен Таравари, Венко Филипче и многумина други активни и поранешни политичари.

Како се случи образуван лекар да не работи како лекар туку да стане бизнисмен, па потоа политичар? Селмани, како искусен бизнисмен, укажува и кои се најголемите проблеми во бизнисот денеска, па вели дека им се чуди на странските инвеститори како се снаоѓаат со македонската бирократија. Има ли корупција и од каде доаѓа, од ниските или високите ешалони во администрацијата? Зошто не функционира администрација?

Зошто се прекина проектот со електронска здравствена картичка? Дали таа ќе го одглавеше заглавениот здравствен систем? И, впрочем, зошто системот воопшто е заглавен?

Би се вратил ли Селмани повторно во политика – и зошто не? Што се случува во албанскиот политички табор пред избори? За интересните комбинации и мотиви за правењето такви комбинации како и за многу други прашања, следете го поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот