Дивеење на „Партизанска“/ Фото: скриншот

ВИДЕО | Полицијата ги пронајде оние што дивееја со кола на „Партизанска“

На социјалните мрежи пред три дена се појави видео на кое се гледа како на покривот на автомобил во движење седи маж со знаме во рацете.

МВР соопшти дека ги пронашле и казниле двете лица кои дивееја на „Партизанска“ – возачот и тој што беше качен на покривот.

„Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на бул.”Партизански Одреди” во Скопје на која гледа како се движи патничко возило голф со скопски регистарски ознаки при што на кровот од возилото се превезува лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје пронајдено е возилото, лицето кое го управувало С.Ф. и лицето кое се превезува на кровот од возилото А.И.

За А.И. преземена е мерка по чл.165 став 2 од Законот за безбедност на патиштата“ соопшти МВР.

Од извршената проверка утврдено е дека С.Ф го управувал возилото со измината важност на сообраќајната дозвола и за истото преземена е мерка по чл.26 став 10 од Законот за возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот