Фото: Принтскрин/ CNN

ВИДЕО | Погледнете како кенгури се радуваат на снегот во Австралија

Жителите на источниот дел од Австралија беа изненадени од екстремно студеното време, што не е вообичаено за овој период од годината.

Поради ниските температури сообраќајот е забавен, летовите се откажани, а снежните наноси во некои области достигнуваат дебелина од 10 до 20 сантиметри.

Според метеоролозите во Австралија, овој студен бран предизвика температурите да паднат под нулата, a силните ветрови направија да се чувствува постудено и до 10 степени.

Од видеото, објавено од „Си-ен-ен“,  може да се забележи дека снегот предизвика посебна радост кај кенгурите, кои во близина на главниот град Канбера уживаа скокајќи по него.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот