
ВИДЕО | Почина познатиот инфлуенсер Танер Мартин: Имаше само 30 години, а сè започнало со еден симптом
Петгодишната борба со ракот Танер Мартин ја започнал во 2020 година, кога на само 25 години, а се започнало од еден, навидум безопасен симптом, блага, но постојана болка во стомакот. Болката не била исцрпувачка, но правела Танер постојано да се чувствува лошо. Набрзо следеле и други проблеми, а најзначајна била тешката констипација.
Препорачано
„Еј, јас сум Танер. Ако го гледате ова, мртов сум“, се зборовите со кои започнува однапред снимената видеопорака во која инфлуенсерот Танер Мартин ја снимил непосредно пред неговата смрт. Неговата сопруга Шеј го објави видеото на 26 јуни, исполнувајќи ја неговата желба, се со цел да има време да тагува, без притисок да ги информира стотиците илјади следбеници кои беа покрај нив со години.
Танер, познат по својот заразен оптимизам и хумор, одлучи да биде искрен и автентичен до самиот крај, оставајќи зад себе трогателна порака за љубовта, животот и важноста на љубезноста. Тој почина во својот дом во Јута на 25 јуни, само 41 ден откако го исполни својот најголем сон – да стане татко на девојче, Ејми Лу. Неговата приказна е трагичен потсетник за борбата што ја водеше, но и за опасната болест што сè повеќе ги погодува младите луѓе.
@tannerandshayTanner’s last wish🤍 he joked while making this “for the price of a McChicken you could fund my AmyLou’s legacy fund” Link in bio♬ original sound – Tanner & Shay | Cancer Fight
Неговата петгодишна борба со ракот започна во 2020 година, кога имаше само 25 години, со еден навидум безопасен симптом – блага, но постојана болка во стомакот. Набрзо следеле и други проблеми, особено тежок запек. И покрај овие знаци, почетните крвни тестови биле нормални, поради што биле потрени шест месеци пред специјалист да го упати на колоноскопија. Експертите предупредуваат дека иако повремениот запек не е причина за загриженост, секоја постојана промена во навиките на цревата, формата или фреквенцијата на столицата, како и ректалното крварење или необјаснето губење на тежината, може да бидат класични симптоми на рак на дебелото црево. Заморот е исто така чест знак, бидејќи анемијата е присутна кај 30 до 75 отсто од пациентите.