Фото: Принтскрин - Инстаграм

ВИДЕО | По спонтаниот абортус Џеси Џеј објави дека е повторно бремена

Британската пејачка, Џеси Џеј која пред пред повеќе од една година го загуби бебето во спонтан абортус, откри дека е повторно бремена. Џеси ја сподели среќната вест со своите следбеници на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

 

„Во истовреме сум и среќна и преплашена што го споделувам ова. Ве молам, бидете нежни кон мене“, напишала Џеси во описот на емотовното видео во кое го покажува позитивниот тест за бременост и трудничкото стомаче.

Пред тринаесет месеци пејачката на својот инстаграм-профил објави фотографија на која држи тест за бременост. Таа не откри колку време е бремена, но откри дека на третиот ултразвук дознала дека чукањето на срцето на бебето повеќе не се слуша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

„Вчера наутро се смеев со една пријателка, велејќи: „сериозно, како ќе издржам на мојот настап во Л.А утре вечер без да и кажам на публиката дека сум бремена? А веќе попладнето бев загрижена како ќе го изведам настапот без да се распаднам на сцена… по третиот ултразвук ми рекоа дека чукањето на срцето веќе не се слуша…“, напиша тогаш пејачката во емотивната објава.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот