Кентаки САД
Торнадо во Кентаки/Фото: EPA-EFE

ВИДЕО | По серијата торнада: Бајден прогласи вонредна состојба во Кентаки

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа прогласи вонредна состојба во Кентаки, јавија американските медиуми.

Според последните информации, најмалку 70 лица го загубија животот во серијата од над 30 торнада што ја погодија оваа и уште четири други сојузни држави.

Бајден вчера нареди федералните ресурси да се насочат кон најпотребните локации, а претходно разговараше со гувернерите на петте погодени држави од невремето: Арканзас, Илиноис, Кентаки, Мисури и Тенеси, за да им изрази сочувство и да ја потврди посветеноста за брза испорака на помошта, соопшти Белата куќа, а пренесоа британските медиуми.

Во разорните бури што ги погодија американскиот Среден Запад и Југоисток, кои Бајден ги нарече „незамислива трагедија”, има повеќе мртви, а причинета е голема материјална штета.

Фабрика за свеќи и противпожарна станица во Кентаки, складиште на Амазон во државата Илиноис, каде што загинаа најмалку двајца работници, старечки дом во Мисури и многу други објекти и куќи се оштетени, наведуваат британските медиуми.

Гувернерот на Кентаки, Енди Башир, вчерашната прес-конференција изјави дека во оваа држава загинале најмалку 70 луѓе, а бројот на жртви можно е да биде и повеќе од стотина.

– Ова е најразорното торнадо во историјата на нашата држава, рече тој, додавајќи дека 40 од 110 работници досега се извлечени од една фабрика.

Бешир прогласи вонредна состојба, ја активираше Националната гарда на Кентаки и ја распореди државната полиција.

Извор: МИА

ВИДЕО: САД погодени од 19 торнада, силното невреме направи огромна штета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!