Фото: Zamedia.rs / принтскрин

ВИДЕО: Питбули пуштени без заштитни корпи крвнички искасале жена на игралиште за деца во Србија

Тамара Новаковиќ од српскиот град Бор синоќа на детското игралиште пред нејзината куќа била нападната од две кучиња – питбули кои сопствениците ги пуштиле врз неа. Кучињата ја касале за главата, кога таа за време на нападот го прекрила лицето со рацете, јавува локалниот портал Zamedia.rs.

Жената е инаку активистка за заштита на животните, која целиот свој живот го посветила на грижата за нив, волонтирајќи во локалното здружение „Борски шепи“. Покрај физичката болка, во бруталниот напад таа претрпела и голем психички шок.

Сопствениците на кучињата биле задржани во притвор од 48 часа, додека кучињата се пренесени во градското прифатилиште.

На детското игралиште и спортско игралиште на улицата „Хомољска“ во Бор секогаш има деца. Бидејќи ова место е веднаш спроти куќата на Тамара, таа синоќа видела дека млад човек и девојка ги пуштаат своите опасни кучиња слободно да трчаат без поводник или корпа, па излегла да ги предупреди.

Бидејќи и самата има неколку кучиња и е активист на Здружението за заштита на животните, не ни помислувала дека нешто ќе тргне наопаку.

„Во тој момент ми ја грабнаа јакната и успеаја да ме соборат. Само го покрив лицето со рацете. Ме кинеа на темето на главата“, вели жртвата на нападот за Замедија.

„Ќе ги гонам приватно додека правдата не биде задоволена“, вели Новаковиќ за сопствениците на кучињата.

Двата питбула кои ја нападнаа Тамара сега се под надзор на ветеринари во Градскиот азил за кучиња.

„Се подразбира дека секое куче мора да има поводник и заштитна корпа. Само на местото каде што се пропуштаат кучињата, за кои има одредени локации, може да се пуштат од поводникот. Во спротивно, надвор од тие места, никаде не смее да се пуштат од поводник и мора да носат корпа“, вели раководителот на инспекцијата на ГУ Бор.

Сопствениците на кучињата, М.Ј. (40) и девојката К.Д. (24) кои синоќа биле со нив, веднаш биле уапсени и приведени. Тие се товарат за кривично дело предизвикување општа опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот