Наместо да се грижи за редот на стадионот, тој славеше титула со навивачите/Фото: Принтскрин/twitter.com/barrabrava_net

ВИДЕО: Пијан полицаец во Мексико слави поради титулата која се чекаше 70 години!

Една бизарна сцена од фудбалски натпревар во Мексико, каде во центарот на вниманието се најде еден член на органите на редот.

Титулата се чекаше цели 70 години, а еден од највозрасните фанови на екипата на Атлас имаше 91 година кој дочека неговиот тим повторно да биде шампион.

Уште поинтересни вести доаѓаат од прославата на трофејот. Додека навивачите на овој клуб ја славеле титулата, еден од нив очигледно бил пијан полицаец.

Иако тука неговата работа беше да се грижи за безбедноста на навивачите на стадионот, мексиканскиот полицаец на видеото е толку пијан што едвај стои на нозе.

Нему му беше исклучително тешко да стигне до скалилото каде што беа навивачите, па мораа да му помогнат во тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот