
ВИДЕО | Пи Диди го тужи ,,Ен-би-си” за 100 милиони долари: „Јас не ја убив Ким Портер, мојата голема љубов и мајка на моите деца“
Пи Диди вели дека ,,Ен-би-си” (NBCUniversal) ја преминал граница објавувајќи документарецот „Diddy: The Making of a Bad Boy“ во кој го обвинуваат за убиство на Ким Портер и за секс со 2 малолетни девојки, затоа тој сега бара најмалку 100 милиони долари.
Препорачано
И додека Пи Диди изминатиов период се соочува со сериозни обвинувања по разни основи како, силување, трговија со дрога и слично, тој истакнува дека ,,Ен-би-си” злонамерно го обвинува за убиство на „љубовта на својот живот и мајка на своите деца“, пренесува „ТМЗ“.
Во тужбата, Пи Диди го критикува ,,Ен-би-си” затоа што судскиот совет од округот Л.А. потврди дека смртта на Ким настапила од природни околности и нема докази дека зад неа стои „лоша игра“. Тој, исто така, е налутен што документарецот ги засилува теориите на заговор на Јутјуб, тврдејќи дека не може да биде „случајност“ како Ким и другите во светот на Диди умреле.
Според тужбата, документарецот се потпира на тврдења дека Диди имал секс со малолетници, но тој вели дека лажното тврдење се заснова на граѓанска тужба од некој што тврди дека го видел со 2 девојчиња. Диди истакнува дека тужбата веќе билапоништена од двете жени во нивните 30-ти кои се огласиле и рекле дека биле полнолетни во времето на таа сексуална средба.
Диди вели дека продуцентите ги информирале неговите претставници на почетокот на декември дека снимаат документарен филм за „теориите за неговата вмешаност“ во смртта на Ким. Тој вели дека неговите претставници одговориле дека наводите се „недвосмислено лажни“ и „непроверени теории на заговор“.
Тој вели дека откако се појавил трејлер за документарецот на 2 јануари, неговите претставници повторно стапиле во контакт со ,,Ен-би-си” и продуцентите на продукцијата кои вклучиле лажни клевети и изјави и ги повикале да го повлечат трејлерот, но ,,Ен-би-си” никогаш не одговорил.
Затоа, сега Диди ги тужи за клевета и бара отштета од минимум 100 милиони долари.
Адвокатот на Диди, Ерика Волф, вели:
„При правењето и емитувањето на овие невистини, меѓу другото, обвинетите се обидуваат само да го капитализираат апетитот на јавноста за скандали, без никакво внимание на вистината и на сметка на правото на г. Комбс на правично судење“.