Дарко Перушевски, ГЛЕЈ / Утрински брифинг

ВИДЕО | Перушевски: Глеј е македонски Нетфликс со домашна програма

Дарко Перушевски, сопственик на новата медиумска платформа Глеј која е вид македонски Нетфликс беше гостин во денешното издание на „Утрински брифинг“.

Глеј е библиотека на програми по пат на претплата кои можат да ги гледаат на различни апарати. Тие гледаат колку сакаат, не мора да чекаат гледачите определено време, вели Перушевски за „Утрински брифинг“.

– Ова е нов вид гледање телевизија и решивме дека е време да влезе и во Македонија. Склучивме договори и со различни продуцентски куќи за македонски филмови и серии. Програмата постојано ќе се проширува. Следно е да се прошириме на регионална програма за што сме во преговори со Србија, Бугарија, Турција… Регионот произведува содржини, вели Перушевски.

Тој додава дека содржините се натсинхронизирани.

– Децата си го заборавија мајчиниот јазик гледајќи програми на англиски. Натсинхронизацијата е на македонски и албански јазик, вели Дарко Перушевски за „Утрински брифинг“.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот