
ВИДЕО | Пелегрини стрелаше за победа на Рома во римското дерби против Лацио на „Олимпико“
Рома го победи Лацио денеска триумфираше со 1:0 во римското дерби што се играше во рамките на четвртото коло од италијанската фудбалска Серија А.
Препорачано
Одлучувачкиот момент на „Олимпико“ се случи во 38 минута кога левиот бек на Лацио, Нуно Тавареш, направи катастрофална грешка во опасната зона, топката му ја одзеде Ренч, го пронајде Суле, а овој му ја додаде на Лоренцо Пелегрини, кој со прецизен удар од 14 метри го совлада голманот Проведело, за 1:0.
На паузата помеѓу двете полувремиња, тренерот на Рома Џанпјеро Гасперини ја подготви тактиката за продолжението, во второто полувреме играта беше тесна, „волчицата“ претежно вешто ја одбрани стекнатата предност, но Лацио сепак создаде две одлични шанси.
Напаѓачот Булај Диа прво излезе сам пред Миле Свилар и се посрамоти, испраќајќи ја топката високо над голот, а потоа Каталди во 95 минута шутираше брилијантно од далечина и ја погоди стативата.
Домашниот тим го заврши натпреварот со 10 играчи, откако Реда Белахин доби директен црвен картон во 86 минута.
По овој триумф, тимот на Рома има девет бода и е во групата тимови од второто до четвртото место на табелата. Лацио и Маурицио Сари се во проблеми, бидејќи овој клуб очајно ја започна сезоната и има само три бода на 14 позиција во генералниот пласман.
Преземено од: Спорт.ком.мк