Фото: Real Oviedo/FB

ВИДЕО: Овиедо со ветеранот Казорла по 24 години се врати во Ла Лига

По повеќе од две децении, Реал Овиедо конечно се врати во елитата на шпанскиот фудбал. Во драматичен бараж-финалe за пласман во Ла Лига, Овиедо славеше над Мирандес со вкупни 3:2, исполнувајќи го сонот на своите навивачи.

Мирандес ја доби првата средба на домашен терен со 1:0, а на реваншот во Овиедо уште во 16. минута поведе со голот на Хоакин Паничели. Сепак, приказната не заврши таму.

Легендарниот Санти Казорла, на 39 години, ја превзеде одговорноста и од пенал во 39. минута израмни на 1:1. Само што почна второто полувреме, Илијас Чаира ја затресе мрежата за 2:1 , па со тој резултат се играа продолженија. Таму, во 103. минута, Франциско Портиљо го постигна златниот гол кој го врати Овиедо во Ла Лига по цели 24 години пауза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!