Дете се пикна во автомат за играчки/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Охајо: Мало дете се заглавило во автомат за играчки, го извадиле пожарникари

Едно мало момче од Охајо, САД, скапо ја „плати“ својата желба да ја добие омилената кукла без да стави парички, со мала авантура директно во автоматат за плишани играчки.

Видеото од безбедносната камера го прикажува малото момче како се приближува до автоматот и влегува низ дупката во машината од каде паѓаат куклите кога некој ќе успее да ги фати со канџата.

Истата снимка, снимена минатиот понеделник во трговски центар во градот Мејсон, северно од Синсинати, ја покажува и операцијата за ослободување на детето.

Откако ја преместиле играчката, полицијата и пожарникарите успеале да го извлечат малото момче од задниот дел за само неколку минути.

Како што објавија властите, детето, и покрај авантурата, не било повредено, додека машината се вратила во нормална работа кратко време подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!