Огнен прстен / Фото: Brandon Bell / Getty images / Profimedia

ВИДЕО | „Огнениот прстен“ се појави над небото на САД

Астрономите и набљудувачите на ѕвездите викендов беа сведоци на прстенесто затемнување на Сонцето во делови од САД, Централна и Јужна Америка, пишува Би-Би-Си.

Небесниот настан се случува кога Месечината минува помеѓу Земјата и Сонцето, блокирајќи го најголемиот дел, но не сосема целата сончева светлина.

Патеката на прстенестото затемнување на Сонцето на 14 октомври се протегала на широк простор. Оние кои се наоѓале на патеката на прстенестото затемнување биле сведоци на целосниот ефект на „огнениот прстен“, додека оние блиски региони би виделе делумно затемнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот