Фото: Промо

ВИДЕО | Огнен Здравковски со нова музика: „Пекол и рај“ е почеток на ново поглавје од неговата кариера

Македонскиот пејач Огнен Здравковски го претстави своето ново музичко парче „Пекол и рај“, љубовна песна потпишана од неговите колеги и врвни музичари – Александар Тарабунов (музика), Зоран Стојановски (текст) и Димитар Андоновски (аранжман).

„Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија. Слушнете ја песната, гледајте го спотот, почувствувајте ја приказната и дозволете да ве освои. Вашите мислења и коментари ми се најбитни и ме инспирираат за песните што следуваат. Погледнете, слушајте, споделете и коментирајте како ви се допаѓа! Уживајте и ширете љувов!“, е пораката што Огнен Здравковски ја напиша под новото парче музика кое реши да ѝ го претстави на јавноста, а кое значи почеток на едно ново поглавје во неговата музичка кариера.

Фото: Промо

За приказната да биде комплетна придонесува и видеото снимено со продукцијата Sneak Media. Кадрите се снимени во Белград под режисерската палка на Никола Суњевиќ, а во нив освен Оги се појавува и Јања Станојевиќ.

„’Пекол и рај’ е песна која стилски е многу поразлична од сето она што го имам снимено досега. Со Тара, Диме и Зонде се дружиме приватно, се разбираме, се познаваме и тие ми направија песна каква што одамна посакував. Ги слушнаа моите желби и добив парче какво што одамна посакував, парче во кое верувам и парче кое значи еден нов многу поразличен и позрел Огнен“, вели Здравковски и открива дека периодот што следува за него ќе значи многу работа затоа што веќе некое време интензивно работи на нов материјал.

Планот, како што појаснува, е на јавноста песните да ѝ ги претставува една по една, па годината што е пред нас да ја заокружи со еден убав проект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот