Фото: РФМ

ВИДЕО: Oдбраната на Мицевска со која обезбеди бод за Македонија во топ 5 на колото

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од најзаслужните во нашиот состав за вчерашното реми против Турција.

Мицевска собра седум одбрани меѓу кои беше и клучната во самата завршница со која обезбеди триумф за Македонија. За Македонија овој бод беше прв на едно Европско првенство по пауза од 16 години.

Турција по истекот на времето доби удар од девет метри, но тогаш Мицевска се истакна со фантастична одбрана и го зачува својот гол.

Македонските ракометарки ремизираа против Турција на ЕП 2024

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот