ВИДЕО | Одбиен амандманот на Левица за прогласување на Огражден за заштитно подрачје

Одбиен е амандманот на Левица за прогласување на Огражден за заштитно подрачје.

Со амандманот кој го предложи пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, се бараше да се обезбедат средства за изработка на студија за валоризација на подрачјето на планината Огражден. Целта на студијата, како што велат од партијата, беше да се покрене формална постапка за прогласување на Огражден за заштитено подрачје – чекор што би ставил траен штит од опасноста што демне од најавените рудници со отворен коп за металични минерали, кои народот веќе ги нарече „рудници на смртта“.

Во својот говор, Јанчев сликовито ја опиша катастрофата што би можела да го снајде целиот регион: загаден воздух, вода и почва, труење на над 70 живи села во Струмичката котлина, и можност за невидена трагедија ако се реализира планот за изградба на светски невидена брана висока 276 метри за хидројаловиште.

„Хидројаловината е композит од отрови, на трусни подрачје, еден малку посилен земјотрес – целата котлина ќе биде затрупана со отрови и тоа ќе не може да се санира илјада години” – предупреди тој.

Од Левица велат дека иако амандманот бил реален, јасен и во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на народот, владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ го одбило. Според партијата, уште еднаш се покажало дека профитот и туѓите интереси се поважни од животот и иднината на македонските граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот