Фото: Фејсбук/Ана Костадиновска/Инстаграм/„ДНК“

ВИДЕО | „Од срце за скршеното срце“: Учениците на Ана Костадиновска од „Луј“ со емотивна изведба на песна од „ДНК“

Шест и пол месеци по трагедијата во Кочани, професорката по пеење во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Ана Костадиновска, која ја преживеа несреќата, објави емотивно видео од своите ученици.

На снимката се гледа дел од учениците од 3 и 4 година, теоретски оддел, како на час по џез и популарна музика ја изведуваат песната „Север и југ“ од групата „ДНК“.

„Од срце за скршеното срце“, напиша Ана на својот инстаграм-профил, додавајќи дека токму нејзините ученици знаат како да пренесат емоција со музика.

Костадиновска редовно на социјалните мрежи споделува фотографии и видеа од своите пријатели и колеги кои загинаа во пожарот, меѓу кои и Сара, за која често вели дека ѝ била како сестра. Со тоа им оддава почит на загинатите, но и отворено покажува дека сè уште минува низ голема болка.

ФОТО | „Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса“: Гитаристот на ДНК Горан Тонев денеска е пуштен од болницата во Солун

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот