
ВИДЕО: Од ресторан право на боиште, украинската армија во Киев преку рации бара мажи за во војска
Припадници на украинската армија влегуваат во ресторани, барови и концертна сала во Киев, ги проверуваат документите за воена регистрација и ги приведуваат мажите кои не се јавиле да служат војска, објавија странските меидуми.
Препорачано
Објавени се и видеоснимки како украински офицери на 11 октомври се распоредени пред салата Палата на спортот во Киев, каде украинската рок група „Оушн Елзи“ имаше концерт. При излезот офицерите ги проверуваа документите и приведоа неколку мажи.
"Ukrainian military recruiters launched targeted raids at restaurants, shopping centres and a rock concert over the weekend, detaining men and press-ganging them into the army."
— Priyansha | प्रियांशा (@_Priyansha__) October 14, 2024
Невообичаено е таквите рации да се случуваат во главниот град, а тоа ја одразува огромната потреба на Украина од нови регрути. Сите украински мажи на возраст од 25-60 години имаат право на регрутација, а мажите на возраст од 18-60 години не смеат да ја напуштат земјата.
Еден 27-годишен маж рече дека го напуштил концертот додека се слушала последната песна откако му кажале за ваквите рации.
Тој рече дека мажите се чувствуваат во опасност секогаш кога ќе излезат надвор.
„Таа внатрешна состојба секогаш да се биде во опасност, повторно се врати“, изјави тој за Асошиетед прес, давајќи го само своето име поради страв од одмазда.