
ВИДЕО | Од 10 чешмички во надлежност на Центар, вода тече само од три
Од 10 јавни чешмички кои се во надлежност на Општина Центар, работат само три од кои две се „прикрпени“, велат од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, истакнувајќи дека Општината што сакаше да тргува со струја, не може да среди 10 чешми.
Препорачано
Шест се суви. Една тече под асфалт. Три „работат“, од кои 2 прикрпени и со верба. Десетата не ја најдовме. Од „Водовод и канализација“ ставиле водомери и општината треба да ги одржува и да ја плаќа водата. На 40 степени, 6 од нив се барут суви. Една тече од погрешно место, наместо да пијат луѓето, пие асфалтот – велат од „Шанса за Центар“.
Од трите што работат, две се лоцирани во Капиштец, но како што тврдат од Иницијативата, со прикрпена опрема, но барем човек може да се напие вода и да се освежи во жешките денови.
Водењето сметка за урбаната опрема е основна должност на општините, но во Центар уште нема екипа за нејзино одржување, тврдат од „Шанса за Центар“.
Оттаму објавија и видео на кое се гледа состојбата на секоја од чешмите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
34мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5