Фото: Промо

ВИДЕО | Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Првата неврохируршка операција на Одделот за неврохирургија во Клиниката „Жан Митрев“ е изведена со врвен неврохируршки микроскоп, еден од најсовремените во регионот.

Неврохируршкиот тим предводен од проф. д-р Владимир Рендевски, заедно со д-р Михаил Таушанов и останатите членови на интердисциплинарната медицинска екипа, успешно изведоа операција на ‘рбетниот столб на пациентка со огромни болки во крстот и ограничена подвижност на десната нога.

Со исклучителното ниво на визуелизација на овој современ микроскоп, беше овозможено искусниот тим со најмала инвазивност да направи отстранување на дискус хернијата во лумбалниот дел ‘рбетот и ослободување на притиснатиот корен на нервот што ги предизвикуваше наведените клинички симптоми и знаци кај пациентката.

Во иднина, микроскопот од брендот Zeiss Kinevo 900, со неговите врвни перформанси и дополнителните оптички филтри кои овозможуваат интраоперативно пребојување на туморите, васкуларните промени (аневризми) и други патолошки промени на мозокот и ‘рбетниот мозок, ќе биде користен за нивно безбедно и прецизно оперативно отстранување со најмала можна инвазивност и притоа зачувување на околното здраво ткиво.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете навреме термин или консултација на тел. 02 3091 484.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот