Инцидент во Брисел/Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

ВИДЕО | Нови пукотници утрово во Брисел, поврзани со трговија со дрога

Нова престрелка, поврзана со трговија со дрога, се случи рано утринава, околу 3:30 часот, во областа Андерлехт во Брисел, во близина на метро станицата. Едно лице е повредено во нога.

Според бриселскиот обвинител, двајцата осомничени, кои засега се непознати, побегнале и по нив се трага.

Еден од куршумите завршил во куќа, поточно во детска спална соба, рече обвинителот.

Денешните престрелки се трет ваков инцидент по ред во рок од 24 часа и дефинитивно се поврзани со трговија со дрога, изјави бриселскиот обвинител за радио мрежата RTBF.

Два инциденти со пукање се случија во Андерлехт и еден во Сен Жозеф. Вчера, среда, околу 6 часот наутро повторно имаше пукотници на метро станицата „Клемансоулт“, предизвикувајќи хаос во јавниот превоз, но за среќа нема повредени. Сторителите на престрелките сè уште не се уапсени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот