Возач на теренско возило „Мерцедес“ влета во толпа во Штутгарт, Германија / Фото: „Икс“ / X / CityIntel

ВИДЕО: Нов напад во Германија – возач влетал во толпа со џип, има повредени

Нов тежок инцидент со возило и толпа луѓе се случи денеска во Германија – според последните извештаи, најмалку шест луѓе се повредени откако возачот влетал во луѓето во Штутгарт, јавуваат локалните медиуми. Засега нема информации за состојбата на повредените.

Инцидентот, последен во низата слични напади со кои се соочува Германија, се случил во Штутгарт, во покраината Баден-Виртемберг.

Возачот на теренското возило „Мерцедес“, за кого е соопштено само дека има 42 години, е уапсен, а на местото се упатени голем број амбулантни возила и пожарникарски камиони. Мотивите за нападот засега се непознати, пишуваат медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот