Падна мал авион во Њу Џерси/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Њу Џерси: Се урна авион со падобранци – 15 повредени

Најмалку 15 лица се хоспитализирани откако мал авион со падобранци се урна во Њу Џерси во среда вечерта.

Несреќата се случила кога авионот скршнал од пистата, завршувајќи во пошумена област во близина на аеродромот Крос Ки, според локалните власти.

Според портпаролот на Федералната администрација за воздухопловство (ФАА), авионот, модел Цесна 208Б, со 15 лица во него, е под истрага за причините за несреќата.

Портпаролката на болницата Венди А. Марано изјави дека повредените се превезуваат во Универзитетската болница Купер во Камден.

На лице место се и екипи на итна медицинска помош. Нивната состојба е непозната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот