Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

ВИДЕО | Никола Карабатиќ со последниот шут во клупската кариера го „нокаутираше“ противничкиот голман

Легендарниот француски ракометар, Никола Карабатиќ вчера го одигра својот последен натпревар на клупско ниво и му останува само уште настапот за Франција на Олимписките игри во Париз ова лето.

ПСЖ вчера играше против Екс и славеше победа од 39:36, а некјаде на околу 30 секудни пред крајот Карабатиќ со удар од седум метри доби прилика да се „одјави“. Но, место со гол Карабатиќ од клупскиот ракомет се збогуваше со „нокаут“ на противничкиот голман.

На голманот Денис Сердаревиќ по ударот му се укажуваше помош. Карабатиќ ја прекина играта и се извини за својот потег, подоцна со своите соиграчи го славеше шампионскиот пехар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот