
ВИДЕО | Невреме во Бугарија: има загинати, поплавени се куќи, улици, урнати мостови…
Еден човек загина во поплавите што ја зафатија Бугарија. Обилните вренежи предизвикаа големи поплави во одделни места во земјата, поради што поплавени се куќи, улици и патишта, урнати се мостови и има отсечени места до кои не може да се стигне, објави БГНЕС.
Препорачано
Како што пренесуваат бугарските медиуми, поплавено е одморалиштето „Елените“, каде спасувачки екипи рано утрото евакуирале туристи и пронашле тело на маж кој се удавил, потврди заменик-министерот за внатрешни работи Тони Тодоров.
„За жал, откако водата влегла на територијата на комплексот кој се состои од четири згради, вработените од противпожарната безбедност на Министерството за внатрешни работи идентификувале жртва. Лицето што го виделе се удавило. Тој бил во подрумот. Во моментов, во тек е спасувачка операција за отстранување на телото”, објаснил заменик-министерот Тодоров.
Тој додаде дека од почетокот на денот биле примени околу 180 сигнали поврзани со лошото време.
Голем бран поплавил паркинг од комплексот, при што автомобилите се однесени од водата. Спасувачките екипи успеале да стигнат до хотелите и евакуирале најмалку шест жени, од кои три од Полска. Спасувачките екипи протодолжуваат да ги пребаруваат зградите.
Катастрофална е состојбата во Општина Царево и активиран BG-ALERT систем поради поплави и опасни временски услови. Во Бургас е свикан кризен штаб за да одлучи како да се справи со катастрофата.
Делумната состојба на катастрофа ќе биде во сила до 6 октомври, пренесуваат бугарските медиуми.